X
 02.11.2016 Култура

Мрачната иднина на светот во кој живееме

Веб страната „The Intercept“ доби видео за кое тврдат дека потекнува од Пентагон, а кое ја опишува иднината на масивни, хаотични мегаградови, и признава дека американската армија не е ни најмалку подготвена да се справи со тоа.

 

град


Видеото наречено „Megacities: Urban Future, the Emerging Complexity“ било употребено на Универзитетот за заеднички специјали операции на Пентагон, во согласност со самата веб страна.

„Видеото беше искористено како дел од курсот „Напредни специјални операции за борба против тероризмот“ понуден на Универзитетот за лекцијата „The emerging terorism threat“.

По дефиниција, мегаградовите се урбани области со население од 10 милиони или повеќе. Тие се најновиот извор на загриженост и истражување за војската на Америка. Извештај од 2014 година од армијата насловен „Megacities and the United States Army“, предупредува дека војската моментално не е подготвна. Иако армијата има долга историја на урбана борба, никогаш не се занимавала со природа толку комплексна и надвор од опсегот на нејзините ресурси“.

Целокупната визија е алармантно мрачна: се опишува уште поекстремен диспаритет на богатство, со што овие мега градови ќе имаат сиромашни квартови со импровизирана канализација и електрични системи во комбинација со помали области на екстремно богатство и технологија. Пенгатон ги предвидува опасностите кои доаѓаат со климатските промени и просперитетот на богатството.

„Ова е светот на нашата иднина и е нешто за кое не сме подготвени ефективно да работиме во рамките на неизбежното“.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура