Деменција значи губење на личноста и когнитивните функциите. Состојба
во која бледнеат сеќавањата, имињата и лицата. А губење на сеќавањата
значи губење на идентитетот.
Деменцијата е многу повеќе од губење на меморијата, многу повеќе од заборав и многу повеќе
од болест. Таа драматично влијае на семејните односи и љубовта. Нејзиното преовладување е
бавно, но незапирливо.
Сликовит и речиси суров опис на оваа тешка болест дава академик, неуролог д-р. Владимир
Костиќ, директор на клиниката за неурологија во Белград, кој вели:
“Тоа е состојба на мозокот како да останало само едно копче на компјутерската тастатура.
Копчето Delete брише сеќавања, имиња, лица... Губењето на сеќавањата е губење на
идентитетот. Обично ова се изедначува со староста, но тоа е погрешно, затоа што деменцијата е
болест, а не нормален процес на стареењето“.
ЛУЃЕ СО ПРАЗНИ ПОГЛЕДИ
Само во Европа најмалку 5 милиони луѓе боледуваат од деменција, а населението старее,
наталитетот се намалува и се проценува дека до 2050 година, 135 милиони луѓе ќе бидат
засегнати од деменција. Доволно е да прошетате на улица низ еден голем град и сигурно ќе
сретнете постари лица кои зјаат со празни погледи, но податоците укажуваат на тоа дека секој
10ти од нив има некаков облика на деменција за која не е свесен.
Две третини од луѓето кои страдаат од деменција ја пропуштаат навремената дијагноза.
Доцнењето во поставување на дијагнозата за деменција се должи на увереноста на сите, па и на
докторите, дека забележаната заборавеност е одлика на стареењето. Докторите понекогаш
стравуваат дека дијагностицирањето на деменција кај пациентот, ќе доведе до прерано
отфрлање на личноста од семејството и општеството. Важно е да се потенцира дека свеста за
оваа болест е на исклучително ниско ниво во целиот свет, што води кон недоволно прифаќање
на медицинска помош. Вознемирува податокот дека до 2050 година, дури 135 милиони од
светското население ќе биде засегнато од деменција, што само укажува на фактот дека ова е
една од најголемите здравствени закани за човештвото.
Во недостаток на доволно научни податоци што ќе укажат на ризик факторите, преваленцата,
наследната компонента и сите останати податоци што се темелат на релевантни испитувања,
креирана е
бесплатна мобилна апликација за утврдување на способноста за навигацијата кај
здравите луѓе, што понатаму ќе обезбеди можност за креирање тестови за рана дијагноза на
болеста.
Со едноставно даунлодирање на „Sea Hero Quest“, која што неодамна ја лансираше Групацијата
Дојче Телеком, а во Македонија е поддржана од Македонски Телеком, е достапна за iOS и
Android системите, може бесплатно да се преземе од App Store и Google Play и да учествувате
во најголемото глобално истражување за деменцијата. Во Македонија играта е голем хит, само
во првите неколку дена од лансирањето, таа е број еден преземана игра од Google Play.
Со само 2 минутно играње на „Sea Hero Quest“ се обезбедуваат податоци кои во
конвенционални услови би се добиле за 5 часа, а доколку 100.000 лица ја играат играта 2
минути, би надоместиле над 50 годишно вакво истражување во лабораториски услови.
„Sea Hero Quest“ е креирана во соработка со интернационални партнери, меѓу кои:
добротворната организација за истражување на алцхајмеровата болест Alzheimer’s Research,
Универзитетот во Лондон, Универзитетот на Источна Англија и развивачите на игри од
компанијата Glitchers.
Превземете ја бесплатната мобилна апликација на следниот
линк и дајте го својот придонес во
најголемото научно истражување за деменцијата.
Учествувајте!
Помогнете!
Споделете!
Повеќе за целиот научен проект, идејата и концептот на следниот линк:
http://seaheroquest.com/mk