X
 13.05.2016 Наука

Откритието на НАСА не` води чекор поблиску до пронаоѓање вонземјани

Научниците на НАСА објавија дека телескопот „Кеплер“ откри 1.284 други непознати планети надвор од нашиот сончев систем.

 

planeta


„Објавувањето го дуплира бројот на потврдени планети од „Кеплер“. Ова ни дава надеж дека некаде таму, околу ѕвезда слична на нашата, може да откриеме друга Земја“, изјави главниот научник Елен Стофан на прес конференцијата.

Во најновото откритие, 550 нови планети се карпести, а 9 од нив би можеле да содржат услови за живот.

„Знаеме дека егзопланетите се чести, повеќето ѕвезди во нашата галаксија имаат планетарни системи и разумен дел од ѕвездите во нашата галаксија имаат планети потенцијално погодни за живеење“, изјави Пол Херц, директор на седиштето по астрофизика на НАСА

 


Она што НАСА наскоро планира е сателит за истражување на егзопланета во 2018 година, за кој се надеваат дека ќе пронајде нови планети, вклучувајќи и такви кои личат на Земјата.


„Планетите кандидати можат да се како трошка леб. Ако ви паднат неколку големи трошки на подот, можете да ги соберете една по една. Но ако трошките се мали, тогаш ќе ви биде потребна метла. Статистичката анализа е нашата метла“, вели Тимоти Мортон.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука