X
 17.04.2022 Наука

Вашиот карактер може да го заштити или да го остари вашиот мозок

Одредени особини на личноста може да бидат клучен фактор за тоа дали ќе развие благо когнитивно оштетување подоцна во животот, покажува ново истражување.

- Карактеристиките на личноста ги рефлектираат релативно трајните модели на размислување и однесување, што може кумулативно да влијае врз вклучувањето во здрави и нездрави однесувања и шеми на размислување во текот на целиот животен век - вели главната авторка на истражувањето, Томико Јонеда, студентка на психологија на Универзитетот во Викторија, Канада.

- Акумулацијата на доживотни искуства потоа може да придонесе за подложност на одредени болести или нарушувања, како што е благо когнитивно оштетување или да придонесе за индивидуалните разлики во способноста да се издржат невролошките промени поврзани со возраста - вели авторката.

Иако оваа асоцијација се гледа во клиничка практика, тешко е да се знае што е „кокошката или јајцето“, вели д-р Ричард Исаксон, директор на Клиниката за превенција на Алцхајмеровата болест во Центарот за здравје на мозокот на Медицинскиот колеџ „Шмит“.

- Специфични особини може да го зголемат ризикот поради однесувањето во текот на животот што предиспонира лицето да развие когнитивно опаѓање или Алцхајмерова болест, или може да има директна биолошка улога поврзана со раната патологија на болеста - вели Исаксон.

- Неврозата е конкретно една одлика што ми доаѓа на ум, а претходните метаанализи го покажаа тоа. Преживувањето и грижата се поврзани со помал обем на мозокот. Не е јасно дали патеката на стрес-невровоспаление го поттикнува ова. Не постои биомаркер за ова, па затоа е тешко да се докаже - додава Исаксон.

Клучни особини на личноста

Истражувањето ги анализираше личностите на речиси 2.000 луѓе кои учествувале во проектот „Раш мемори енд ејџинг“, лонгитудинално истражување на постари возрасни лица од Чикаго, кое почнало во 1997 година. Истражувањето ја испитувало улогата на три клучни особини на личноста: совесност, екстровертност и невротичност, за тоа како луѓето го претрпеле когнитивниот пад во подоцнежниот живот.

Како да станете поотпорни?

Неврозата е особина на личноста која влијае врз тоа колку добро личноста се справува со стресот. Невротичните луѓе пристапуваат кон животот во состојба на анксиозност, лутина и самосвест и често ги гледаат малите фрустрации безнадежно поразителни или заканувачки.

Совесните луѓе имаат високи нивоа на самодисциплина и се организирани и насочени кон целите, вели Јонеда, додека екстровертите се ентузијасти за животот и често се наметливи и отворени.

Луѓето со високи оцени за совесност или ниски оцени за невротичност имале значително помали шанси да развијат благо когнитивно оштетување во текот на истражувањето, вели Јонеда.

Секои дополнителни шест поени што едно лице ги постигнало на скалата за совесност се поврзани со 22 отсто намален ризик од транзиција од нормално когнитивно функционирање на благо когнитивно оштетување.

Тоа значи 80-годишна личност со висока совест која живее дополнителни две години без когнитивни проблеми во споредба со оние што имаат ниски резултати во совесноста.

Да се биде екстроверт и социјално ангажиран, нуди дополнителна година живот без деменција, се вели во истражувањето. Исто така, ја зајакнува способноста на лицето да ја врати нормалната когнитивна функција, откако претходно добило дијагноза на благо когнитивно нарушување.

Но, како што се зголемувало нивото на невротичност, така се зголемувал и ризикот од транзиција во когнитивно опаѓање.

И претходни истражувања покажуваат дека луѓето што се поотворени за искуства, посовесни и помалку невротични, имаат подобри когнитивни резултати на тестовите и доживуваат помал когнитивен пад со текот на времето.

Извор: CNN
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука