X
 13.05.2016 Култура

Ревија на кинески филм во Скопје

Институтот „Конфуциј“ при универзитетот „Св Кирил и Методиј“ ги поканува сите наши читатели на Ревијата на кинески филмови која ќе се прикажува во просториите на Кинотеката на Македонија од 16-20 мај о.г. Ова претставува одлична можност да се проследат проекции на филмови од поновата продукција на НР Кина реализирани од светски реномирани режисери во кои играат познати актерски имиња.


На 16 мај во 20,00 ч. ревијата ќе ја отвори филмот „Нарушувајќи ја тишината“ од Џоу Сун во која главната улога ja има Гонг Ли. За оваа улога таа ги има освоено сите главни филмски награди во Азија како и наградата за најдобра актерка на Меѓународниот филмски фестивал во Монтреал. Оваа врвна кинеска актерка има одиграно главни ролји во најзначајните и најнаградуваните кинески филмови како што се „Џудоу“ (номинација за Оскар), „Црвен Сирак“ (Златна мечка во Берлин) и „Збогум моја конкубино“ (Златна палма во Кан). Пошироката публика ќе ја препознае по улогите во холивудските хитови „Пороците на Мајами“ во кој играат и Колин Фарел и Џејми Фокс и „Мемоарите на една гејша“ во кој главната улога ја игра нејзината сонародничка Џанг Ѕији.

Втората проекција на 17 мај во 20,00 ч. е резервирана за современата драма „Двајцата стануваат еден“. Во среда пак на 18 мај во 18,00 ч. гледачите ќе може да ја проследат акционата комедија со Џеки Чен од 2010 г. со наслов „Мал голем војник“. Потоа на програмата следи уште една акциона комедија со наслов „Мој личен мечувалец“, филмска адаптација на хит серијата со ист наслов, чија проекција е на 19 мај во 18,00 ч.. Ревијата ќе заврши на 20 мај со анимираниот игран филм „Лотосов фенер“, екранизација на позната кинеска легенда, кој во 17,00 ч. ќе можат да го проследат најмладите и оние кои сакат да се запознаат со кинескиот фолклор.

Влезот за сите проекции е бесплатен за посетителите.

Програмата со времето на проекциите и подеталната содржина на филмовите ќе ја најдете во следионт линк:

https://issuu.com/maccinema/docs/programa_maj_2016_za_web/11?e=5832404/35392944



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура