X
 10.11.2023 Живот

Компанија нуди 2.500 долари за гледање божиќни филмови

Американската компанија „Кејбл ТВ“ нуди 2.500 долари за гледање божиќни филмови во период од 25 дена.

Компанијата нуди телекомуникациски услуги, а оваа година има уникатен оглас за вработување. Многумина бесплатно би гледале божиќни филмови, а оваа компанија ќе плати некому да го прави токму тоа. Од компанијата наведуваат дека лицето што ќе биде вработено треба да изгледа 25 божиќни филма во 25 дена, а за тоа ќе добие 2.500 долари.

Освен тоа, лицето ќе добие годишна претплата на седум популарни сервиси за гледање филмови и серии за да може да ги гледа омилените празнични филмови.

Оваа позиција е насловена „шеф за веселба“, а вработеното лице ќе треба да ги оцени филмовите врз основа на носталгијата, приказната и севкупната празнична атмосфера. Покрај тоа, компанијата сака да слушне кои платформи се најпогодни за корисниците, но и дали има некакви проблеми при нивното користење.

За жал, само државјаните на САД можат да аплицираат, а условот е да имаат над 18 години. Пријавувањето се врши овде.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот