X
 19.05.2016 Образование

Универзитет за кодирање планира бесплатно образование за 10.000 студенти

Новиот проект на Ксавиер Нил е амбициозен универзитет за кодирање во Силиконската долина кој ќе се вика „42“.

 

1


„42“ е бесплатен универрзитет, воопшто не ги гледа резултатите од „SAT“ тестовите и сака да понуди образование за 10.000 студенти во текот на следните 5 години.

Ова не е прв обид на Нил да изгради училиште за кодирање. Универзитетот „42“ се покажа со одлични резултати во Франција. Францускиот бизнисмен го започна „42“ во 2013 година, и денес веќе има 2.500 студенти кои моментално учат како да кодираат во Париз. Но што е различно кај овој универзитет?

Најпрво, бесплатен е. Нил инвестира 100 милиони долари во Америка за да создаде ново училиште. Училиштето се протега во зграда од 18.580 квадратни метри во Фермонт и е отворено 24/7 со илјадници „iMac“ компјутери.

 

2

 

Второ, училиштето прифаќа студенти од 18 до 30 години. Откако ќе ја попилните онлајн апликацијата, започнува вистинскиот предизвик. Тимот од универзитетот создаде компјутерска научна верзија на „Hunger games“. Тие го нарекуваат базен бидејќи сакаат да видат дали кандидатите ќе можат да пливаат доколку се фрлени во фигуративниот базен со што кандидатите треба да се соочат со предизвици од кодирањето и логиката.

 

2


Кандидатите имаат само 4 недели, а можат да кодираат од понеделник до недела, ден и ноќ. После овие интензивни 4 недели, најдобрите кандидати успеваат да станат студенти на овој универзитет.

Трето, 42 не е како еден просечен универзитет. Овде не постои наставник ниту пак училница/предавална. Од студентите се очекува да научат сет на вештини во 3 до 5 години. Училиштето се потпира на прегледите, проектите за кодирање, практикантствата и гејмификацијата.

3

Ако студентите останат мотивирани во овие 3 до 5 години, тогаш ќе станат навистина добри софтверски инженери. Апликациите започнуваат сега, а првите студенти започнуваат со учење во ноември.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование