Малечките сателити стануваат толку бројни и непотребни што сега ќе им бидат позајмувани на учениците да спроведуваат вселенски експерименти.
Една стартап-компанија, „Ардусат“ во соработка со компанијата за сателитски податоци „Спајр“ ќе ги пренаменат своите цели кон образованието.
Но, претходно, „Ардусат“ ќе направи некои тестови.
Кон крајот на изминатата недела, компанијата испрати балон полн со научни експерименти од победниците на предизвикот „Астросат“, годишна програма во која училиштата, научните клубови и другите училишни групи поднесуваат идеи за експерименти за бесплатно патување во вселената.
За првиот натпревар, компанијата одбра 15 победници. Експериментите се различни еден од друга. На пример, една група го мери количеството УВ-светлина која го блокира атмосферата.
За завршувањето на некои експерименти ќе биде потребно време. На еден сателит му се потребни 96 минути за правење круг околу планетата, а одредени проекти зависат од специфични локации.
Победниците на натпреварот ќе добијат бесплатно патување во вселената (за експериментите, секако).