20.10.2019
Живот
Вазна за цвеќиња како противпожарен апарат
Компанијата „Самсунг“ направи вазна која може да биде и фрлачки противпожарен апарат.
За да профункционира вазната, сѐ што треба да направите е буквално да ја фрлите. Надворешната комора со калиум карбонат брзо се лади и помага во потиснувањето на кислородот, гаснејќи го огнот.
Вазната има и мала внатрешна комора во која можете да ставите цвеќиња.
Оваа вазна е направена за да се зголеми свесноста за важноста на противпожарните апарати и досега е дистрибуирана до 100.000 јужнокорејски домови. Наводно, се подготвува производство на дополнителни 200.000 вакви вазни.
Ова е само еден начин на кој вашиот дом може да биде стилски уреден и безбеден.
Подготвил: Билјана Арсовска