Летањето никогаш не било побезбедно – 2017 беше година со најмал број авионски несреќи. Зголемувањето на безбедноста стана врвен приоритет во воздушниот сообраќај, а за тоа секако се заслужни и авиокомпаниите.
Airlineratings.com од 2013 година следи повеќе од 400 авиокомпании во светот и ги рангира согласно нивните годишни извештаи за безбедност. Првите дваесет компании од листата се сметаат за „одлични и водечки компании во поглед на авиобезбедноста и иновациите“.
Компаниите што се најдоа на овој угледен список годинава, наредни по абецеден ред, се следниве:
• Air New Zealand
• Alaska Airlines
• All Nippon Airways
• British Airways
• Cathay Pacific Airways
• Emirates
• Etihad Airways
• EVA Air
• Finnair
• Hawaiian Airlines
• Japan Airlines
• KLM
• Lufthansa
• Qantas
• Royal Jordanian Airlines
• Scandinavian Airline System
• Singapore Airlines
• Swiss
• Virgin Atlantic
• Virgin Australia
Потенцирано е дека „Квантас“ е фантастична авиокомпанија затоа што за речиси 100 години, колку што работи, до денес немала ниту една несреќа со жртви, додека, кога станува збор за безбедноста, благодарение на своите иновации, е лидер на пазарот.
Исто така, објавена е и листата со најмалку безбедни компании, кои од можните седум, за безбедност добиле само по една ѕвездичка. Ова се тие компании:
• Air Koryo
• Bluewing Airlines
• Buddha Air
• Nepal Airlines
• Tara Air
• Trigana Air Service
• Yeti Airlines