Големите изумители со своите револуционерни изуми од темел го менувале општеството. Од друга страна, постоеле други луѓе кои биле помоќни и се бореле против револуционерните технологии за да го задржат статусот „кво“ и со тоа да останат на врвот на пирамидата. Случајот и судбината не била различна и за некои изуми на Никола Тесла.
ФБИ неодамна објави доверливи документи кои содржат отфрлени и намерно заборавени изуми од Тесла. Овие изуми дефинитивно би го промениле светот во кој живееме.
Теслин осцилатор
Во 1898 година, Тесла тврдел дека создал мал осцилатор кој, кога би се прикачил за некој објект, би предизвикал ефект на земјотрес. Гледајќи го катастрофалното влијание на таквата направа, Тесла самиот го уништил уредот. Некои теоретичари на завери тврдат дека американската влада го користи овој изум денес.
Бесплатна електрична енергија
Во 1901 година, Тесла ја дизајнирал и изградил кулата Варденклиф, гигантски безжичен предавател кој би обезбедувал безжичен пренос на податоци ширум планетата. Првобитно, Тесла сакал да пренесува текстуални пораки, слики и телефонски сигнали, но проектот се развил во идеја за снабдување со електрична енергија на целиот свет. Проектот веројатно би станал премногу опасен за владејачката елита бидејќи би ја сменила енергетската индустрија од темел. Проектот не бил финансиран и бил напуштен во 1906 година.
Смртоносни зраци
Тесла во 1930 година го измислил таканаречениот „зрак на смртта“. Уредот бил способен да емитува огромно количество енергија со која би можеле да се напаѓаат непријателски авиони, да се уништуваат војски или било што друго. Уредот никогаш не бил изграден бидејќи се верувало дека премногу лесно би можел да биде искористен за уништување цели држави. Тесла тврдел дека неговиот изум може да уништи цел на оддалеченост од над 200 милји и воедно да создаде енергетски ѕид околу некои држави со кои би можеле да се заштитат од непријателите.
Воздушен брод
Тесла тврдел воздушните бродови на електричен погон би можеле да пренесуваат патници од Њујорк до Лондон за три часа, патувајќи на 13 килметри над површината. Исто така, тој тврдел дека овие бродови би ја црпеле енергијата од атмосферата и дека никогаш не би имало потреба за дополнување гориво. Воздушните бродови би биле без пилот и би се користеле за превоз до одредени дестинации или за управување на воздушни напади. Многумина сметаат дека денешните дронови се базирани на оваа технологија.
Летечка чинија
Во 1911 година, Тесла открил за време на интервју дека работи на летало кое ќе и` пркоси на гравитацијата. - Мојата машина нема да има крила, ниту пропелери. Кога ќе ја видите на земјата, нема ни да претпоставите дека се работи за летало. Сепак, таа ќе лета со брзина која не е постигната досега и ќе биде многу сигурна. Исто така, ќе може и да левитира долго во месо и покрај силината на ветрот - рекол Тесла. Овој изум доживеал иста судбина како и неговиот проект за бесплатна електрична енергија.