X
 12.06.2020 Образование

Никола Тесла имал единица по математика во трета година гимназија

Познатиот научник Никола Тесла одлично се снаоѓал на училиште кога станувало збор за математиката сè до трета година гимназија. Тогаш добил единица по предметот, но не затоа што не го совладал материјалот, туку затоа што два месеца не посетувал настава.


Тоа го објави Тоби, која има канал на „Јутјуб“ за математика, астрономија и физика. Во своите видеа таа зборува за познати научници. Во едно видео зборува за оценките на Никола Тесла користејќи превод на копија од оригиналните документи за образованието на Тесла.



Фото: YouTube

Во документите може да се види дека Никола Тесла имал единица по математика во првото полугодие од трета година, а во забелешката пишува дека тој бил болен два месеца и не одел на училиште во тој период. Матурскиот испит го положил со одлични оценки по математика, историја, географија и германски јазик.

Никола Тесла учел во гимназијата „Карловац“ од 1870 до 1873 година.

- За Тесла може да се каже дека бил вистински гениј, можеби повеќе од кој било друг. Имал над 300 заштитени патенти - вели Тоби во видеото.


Извор: b92.net
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование