X
 26.05.2016 Образование

Како да се подготвите подобро за испитот во последен момент?

Студентите се под огромен притисок да постигнат успех за време на студиите. Но, колку и да се подготвувале, секој може да згреши на испитот и да не положи. Како може да се погрижите дека нема да направите грешка за време на испитот и ќе се сетите на се` што сте научиле?


Појадувајте

Појадокот е најважниот оброк во денот. Истражувањата покажуваат дека јадењето добар појадок помага за меморијата и концентрацијата за време на првиот дел од денот. Освен тоа, луѓето кои редовно јадат здрав појадок се под помал стрес.

Пристигнете порано

Испитите се доволно стресни без доцнењето. Доколку доцните, секоја грижа се зголемува. Кога станува збор за испитите, запомнете дека доколку не сте стигнале порано, доцните.

Одбегнувајте ги луѓето кои ви предизвикуваат стрес

Истражувачите велат дека позитивните коментари директно влијаат на начинот на кој студентите се чувствуваат. Денот кога полагате важен испит, одбегнувајте да поминувате време со луѓе кои се негативни.

Потсетете се на напорната работа и подготовка

Ова може да биде одличен начин за зголемување на самодовербата за време на испитот. Потсетете се на сите часови напорна работа кои сте ги вложиле. Исто така, потсетете се и на претходните успеси.

Застанете за момент и дишете длабоко

Кога луѓето се под притисок, тие често го потценуваат времето кое им е дадено. Поради ова, тие честопати брзаат и прават грешки од брзањето. Застанете за момент и дишете длабоко за да ја намалите тензијата и објективно да ја погледнете ситуацијата околу вас за да испланирате се` подобро.
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование