X
 25.12.2022 Живот

„Да си ја вратам здравата психа што ја имав пред да се запишам“, „МОН да ми ја одобри стипендијата“ - дел од желбите на студентите за Нова година

Празничната атмосфера се чувствува и на факултетите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Традиционално, на некои од факултетите има накитени елки на кои, покрај лампионите, стојат и желбите на студентите напишани на ливче.

Најчесто се за успех, да се положи некој испит, за здравје, а има и понекој сатиричен коментар.

На елката што е украсена на Правниот факултет во Скопје студентите си посакаа различни желби.

Елката на Правен факултет во Скопје

„Драг Батко Мраз, во новата 2023 сакам да ми ги положиш испитите и да ми дадеш јахта со куфер во кој ќе најдам 200 милиони долари за да избегам оттука. Се надевам дека си арен и ти посакувам само среќа.
Со почит, студент од УКИМ“.

„Посакувам да си ја вратам здравата психа што ја имав пред да се запустам на факултетов“.

„Драг Дедо Мраз, оваа година мојата желба е МОН да ми одобри стипендија“.

„Да се преименува „Iknow“ во „I don't know“ оти очигледно никој нема поима зошто ни служи“.


Новогодишната атмосфера преовладува и на Економскиот факултет. Желбите на елката се слични, со акцент на положувањето на испитите.

Елката на Економскиот факултет во Скопје

„Да положам надворешна трговија“.

„Да положам математика конечно“.

„Љубов“.


 

Подготвил: Јована Трајковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот