X
 22.12.2015 Образование

Вежбање во библиотека - се` повеќе универзитети го прифаќаат трендот

Нема повеќе мрзеливи студенти на Техничкиот факултет „Wake“ во Северна Каролина, САД. Имено, факултетот постави уреди кои се комбинација од работна маса и велосипед во библиотеката.


За почеток биле ставени два вакви уреди во библиотеката на факултети за „студентите да имаат нешто друго за кое би се возбудиле кога станува збор за библиотеката“, изјави деканот Стивен Скот.

Идејата е добиена од друг универзитет, „Климсон“, кој има 22 уреди на својот кампус од 2013 година и ги користи за истражување за ефектот на вежбањето на академските резултати.

Од истражувањата се добиваат некои резултати. Пред сè, уредите немаат негативен ефект на фокусот за време на учењето или академските резултати. Згора на тоа, студентите постојано изјавувале дека имаат позитивно чувство или ефект од користењето на уредите за време на учењето.

Било откриено и дека студентите кои ги користеле уредите најмалку два часа неделно за време на учењето спиеле постабилно од останатите студенти.

Уредот, кој е наречен „FitDesk“ веќе се продал на универзитети низ САД, меѓу кои „Харвард“, државниот универзитет во Флорида, Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес итн. Меѓу клиентите се наоѓаат и „Google“ и „Facebook“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование