Ново видео снимено од ракетата „Фалкон 9“ на „Спејс екс“, високо над Земјата, ја прикажува нашата планета како прекрасна сина џамлија со бели облаци и делови од почвата.
Видеото било направено додека ракетата го испорачувала товарот од два телекомуникациски сателити за луксембуршка компанија до геосинхроната преносна орбита. Тоа значи дека снимката, објавена на твитер-профилот на „Спејс екс“, ја прикажува Земјата од надморска височина од околу 35.700 километри.
Извор:
Space.com
Фото: Twitter/Screenshot