„Гугл мит“, најновата алатка за видеоразговори на „Гугл“, наскоро ќе биде бесплатна за сите. Алатката, која претходно беше достапна само за корисниците на „Џи суит“, сега ќе биде бесплатна за сите што имаат профил на „Гугл“.
Корисниците ќе може да ја користат алатката на
meet.google.com или преку апликациите за мобилните телефони. Како и сите новости од „Гугл“, корисниците ќе добиваат бесплатен пристап постепено во следните недели. Од „Гугл“ велат дека состаноците на оваа платформа ќе бидат ограничени на 60 минути по 30 септември, иако сега нема такво ограничување.
Фото: Google
Доколку не сте слушнале за „Гугл мит“, веројатно тоа е затоа што брендот се појави овој месец и ја замени „Гугл хенгаутс мит“, алатка што беше претставена во 2017 година.
Многумина сметаат дека „Гугл мит“ ќе го замени „Зум“ на пазарот. Но, иако од „
Гугл“ велат дека нивната алатка е побезбедна, „Гугл мит“ и „Зум“ функционираат на ист начин кога станува збор за безбедноста на интернет. Така, состаноците можеби се приватни за поголемиот дел од корисниците, но компаниите што стојат зад нив може да добијат пристап.
Автор: Рон Амадео
Извор:
arstechnica.com