X
 27.05.2016 Живот

Сами направете електричен планински велосипед

велосипед

 

Велосипедите се неверојатно добро превозно средство. Додека автомобилите се корисни за ограничени работи и доаѓаат со големи недостатоци, електричните велосипеди имаат комбинација од предностите и на автомобилот и на велосипедот.


Но, тука доаѓа прашањето: како да добиете навистина добар, брз електричен велосипед без да трошите многу пари? Во продолжение е „рецептот“ за ваков електричен велосипед, па вие одлучете дали можете овој теоретски дел да го спроведете на дело.

Потребни ви се:

Мотор - Добар мотор е „Bafang“ од 750 вати. Овој мотор му овозможува на велосипедот да оди со брзина од oколу 50 километри на час, без користење на педалата.

Батерија -
Колку поголема батерија, толку подобро. Целта е да создадете велосипед за превоз такашто добро би било да земете батерија од на пример 52 волти и 13.5 ампери.

Полнач - Литиум-јонските батерии се неверојатни. Тие траат многу подолго ако не ги полните до 100%.

Сите компоненти од мојот „Ebike“ доаѓаат во форма на комплет од „Lunacycle“ (постојат и други места за порачка на ваков комплет како „Dillenger“ и „EM3EV3). Комплетите доаѓаат со мотор, батерија, ѕвезда, педало, дисплеј/компјутер, полнач и се` што ви е потребно да изградите „Ebike“. Исто така порачав комплет со алатки од „Amazon“ и адаптер на кој е неопходно да се стави батерија. На крај, купив нов синџир кој требаше да се приспособи на поголемиот запчаник.

 

1


Основни чекори:

1. Отстранете го дното од рачката. Ќе ви бидат потребни посебни алати за ова.
2. Инсталирајте ја средината на моторната единица.
3. Инсталирајте го делот за батеријата и ставете ја батеријата.
4. Инсталирајте ја електрониката вклучувајќи го и сензорот за брзина на задното тркало, единицата за екранот и регулаторот на рачките.

5. Поврзете го сето тоа со електрониката. 

 

Дополнителни информации можете да пронајдете тука.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот