Доколку барате работа, еден од првите чекори што веројатно сте ги направиле е ажурирањето на вашиот профил на „Линкдин“. Како може да си ги зголемите шансите за вработување?
Податоци од „Линкдин“ покажуваат дека една вештина се цени повеќе од другите кога станува збор за таканаречените „меки вештини“, а тоа е креативноста. Оваа вештина е најбарана мека вештина во 2019 година. Креативноста се применува во различни полиња и на различни нивоа во кариерата, без разлика на професијата. Сметководителите и програмерите може да бидат креативни исто како и дизајнерите и илустраторите. Корисно е да се размислува креативно при решавањето проблеми. А според податоците од „Линкдин“, работодавците бараат луѓе што размислуваат креативно во сите индустрии.
Фото: Pixabay
Во анализата „Линкдин“ користел податоци од своите корисници. Мрежата ја користат 600 милиони луѓе, а на платформата досега се објавиле над 20 милион огласи за работа.
„Линкдин“ анализирал вештини што се бараат во градови со барем 100.000 жители кои имаат профил на мрежата. Потоа ги анализирал вештините на профилите на членовите што најбрзо се вработувале. Според резултатите од анализата, најбарани меки вештини се креативноста, убедливоста, соработката, способноста за приспособување и емоционалната интелигенција.
Кога станува збор за другите вештини, најбарани се блокчејн, пресметување во облак, аналитичко расудување, вештачка интелигенција и UX дизајн.
Автор:
inc.com