X
 27.03.2017 Живот

Aктивно слушање - вештината што повеќето луѓе не ја поседуваат

Активното слушање е активен процес кој не се состои во тоа само да се дава внимание на говорителот, туку да се покажат и вербални и невербални знаци за луѓето да знаат дека го примате тоа што го кажуваат.


Повеќето луѓе не слушаат вистински

Просечната личност зборува 225 зборови во минута, но можеме да слушаме и до 500. Човекот лесно подлегнува на нешта кои го одвлекуваат вниманието и потребно е да се вложи напор за активно да се слуша. Друга причина е тоа што човекот е егоцентричен. Секој сака да биде во центарот на вниманието и зборувањето помага да се постигне тоа, па затоа помалку се стремиме да слушаме отколку да зборуваме.

Кога слушате активно постојано одговарате, а ова е знак и дека сте доволно паметни да дадете одговор уште веднаш. Слушањето ќе направи да бидете запаметени. Често се случува од пријател да барате да Ве слуша и разбира не и да зборува и да Ви дава совети. Кога активно слушате можете подобро да ја разберете ситуацијата со детектирање на емоционалните промени и начинот на кој зборува другиот.

Како да станете подобар слушател?

Парафразирајте и направете кратко сумирање на деталите: на овој начин ќе дознаете што значел разговорот, а говорителот ќе може да Ви објасни нешто ако не сте разбрале целосно.

Прашувајте за да покажете интерес или да разјасните:
со поставување прашања говорителот ќе знае дека внимавате и слушате, и дека сте заинтересирани за темата.

Воспоставете контакт со очите: контактот со очите покажува дали навистина слушате и се обидувате да разберите или нешто друго Ви го одзема вниманието. Сепак внимавајте како гледате кон другите и дали погледот Ви е долго време вперен во говорителот.

Држењето на телото нека Ви биде отворено: поставеноста на телото ќе му каже на говорителот колку сте расположени да учествувате во разговорот. На пример, ако сте навалени напред на едната рака, ќе покажете дека активно слушате и говорителот е добредојден да зборува уште повеќе.

Климајте со главата и смејте се: овие два невербални знаци се многу позитивни. Со нив покажуавте дека се согласувате, а тоа секој го посакува. Покажувате и дека  Ви се допаѓа содржината што ја слушате.

Имитирајте го говорот на телото на говорителот: овој трик е особено од помош кога станува збор за емоционален проблем. На овој начин покажувате емпатија и поддршка.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот