Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2021 година, изнесува 28.438 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 42.441 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
-Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2021 година, во однос на април 2020 година, изнесува 110.1. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (28,6%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (24%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21,7%) - стои во соопштението од ДЗС.
Оттаму додаваат дека зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, било забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4%), Уметност, забава и рекреација (3,7%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (2,9%).
Фото: Државен завод за статистика (printscreen)
Според ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2021 година, во однос на април 2020 година, изнесува 110.0.
-Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (28,3%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (24,1%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21,4%). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,3%), Уметност, забава и рекреација (3,4%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (2,9%) - се наведува во соопштението.
Фото: Државен завод за статистика (printscreen)