Ова е најдоброто нешто што може да го добиете од Земјата и најблиското до вистинското живеење таму.
Саманта Кристофорети е астронаутка од Европската вселенска агенција која поминала 199 дена работејќи на експерименти на Меѓународната вселенска станица. Пред да се врати на Земјата во јуни, таа направила повеќе фотографии од станицата, кои потоа биле споени за да се направи детална и огромна панорама од целото место.
Како што „се движите“ низ станицата, може да читате и гледате опис за предметите на сликите. Панорамата овозможува пристап до целата станица освен до руските модули.
Турата најдете ја
ОВДЕ.