X
 31.01.2023 Живот

Погледнете како овој астронаут „заглавил“ во микрогравитацијата и останал да лебди

Астронаутите поминуваат низ секакви тренинзи за да се подготват за престојот во вселената. Ова вклучува доживување на микрогравитација. Движењето во неа е вистински предизвик. Ако сакате да дознаете колкав предизвик е, погледнете го ова кратко видео на астронаут кој нема пристап до рачки. Тој е заглавен лебдејќи во воздух.

Микрогравитацијата понекогаш се нарекува и нулта гравитација, но не е исто. Микро значи многу мало, па затоа микрогравитацијата е состојба во која луѓето или предметите изгледаат како да се бестежински.

Само затоа што астронаутот немал за што да се фати, не значи дека бил целосно „заглавен“. Дишењето е еден од начините на кои астронаутите се извлекуваат од оваа ситуација.

- Вдишете и издишете силно. Законот на Њутн значи дека ќе се движите. Повторувајте го тоа додека не добиете доволно голем импулс или туркајте го воздухот околу вас како да пливате, па ќе го решите проблемот - вели еден редит-корисник.


Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/Reddit
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот