X
 02.06.2016 Забава

Предизвик: Решете ги овие едноставни загатки

Повеќето компании спроведуваат тестови, а пријавените кандидати треба да бараат решение за загатките кои се наоѓаат на тестовите.  Некои се толку креативни што смислуваат загатки или проблеми, чии решенија потоа ги бараат решенијата од кандидатите за време на интервјуто. Ова се некои од нив.

 

загатка


1. Еден човек живее на 17 спрат од една зграда. Секое утро се вози со лифтот до лобито и ја напушта зградата. Но, после неговото враќање тој може да качи само до 9 спрат, а потоа мора да оди пешки - освен ако врни. Како би го објасниле ова?

2. Доколку врне дожд на пладне, дали може за 72 часа да се очекува сончево време?

3. Неколку луѓе добија задача да го прескокнат пенкалото оставено на подот, но никој не успеал да ја изврши задачата. Зошто?

4. Како би требало да го фрлите тениското топче доколку сакате само да ви се врати?

5. Гледате личност која седи, но не можете да седнете на нејзиното место дури ни кога таа ќе стане и ќе замине. Каде седи?

6. Маж цела ноќ се превртувал во креветот, не можејќи да спие. Кога го зел телефонот, повикал број, слушнал неколку тонови, го оставил телефонот и конечно заспал. Зошто претходно не можел да заспие?

7. Еден хотел има 7 спрата. Четири луѓе се наоѓаат на приземје, а на секој следен спрат има двајца луѓе повеќе од претходниот. Кој спрат најчесто го повикува лифтот?

8. Компанијата „Nike“ во Афррика наишла на проблем - се' почеста била кражбата на патики од фабриката. Што компанијата направила за да ја спречи кражбата, а да не потроши пари на осигурување?

9. Кога го гледаме во бројот два, а изговараме 10?

10. Џорџ Вашингтон, Шерлок Холмс, Вилијам Шекспир, Лудвиг ван Бетовен, Никола Тесла, Цезар... Кој е натрапникот?

11. Пациенти во детска болница добивале мечиња со кои си играле, за да заборават на нивната болка. Но, сите деца сакале да ги земат мечињата дома откако биле пуштени од болница. Што болницата направила за да го реши овој проблем?

12. Едно кино во Америка, уште од времето кога кината започнале да постојат во Америка, веќе започнало да забележува загуба. Гледачите се жалеле на дамите кои не сакале да ги извадат шеширите во текот на гледањето на филмовите, со што им пречеле на луѓето кои седеле зад нив. Кое било евтино и ефикасно решение кое го презела управата на киното?

13. На полицата во канцеларијата на научниците се наоѓаат две книги. Едната има 230 страни, а другата 325. Колку страни има помеѓу првата страна од првата книга и последната страна од втората книга?

Решенија

1. Човекот е џуџе. Тој не може да ги достигне горните копчиња од лифтот, а може да ги достигне кога носи чадор.

2. Не, затоа што за 72 часа ќе биде полноќ.

3. Пенкалото е ставено до ѕидот.

4. Во воздух.

5. Во вашиот скут.

6. Соседот со кој го делите ѕидот од спалната соба грчел, но се пробудил после звукот на ѕвонењето на телефонот.

7. Приземје.

8. Изградиле уште една фабрика и одделно започнале да произведуваат десна и лева патика.

9. Кога гледаме на сатот.

10. Шерлок Холмс е единствениот измислен лик, сите други се реални.

11. Би им ставиле завој на мечињата, а на децата би им рекле дека мечињата се болни и мораат да останат во болница за да се излечат.

12. На вратата е оставено известување на кое пишувало: „Љубезно ве молиме дамите да ги извадат шеширите додека трае филмот. Ова не се однесува на постарите дами“.

13. Помеѓу страните се наоѓаат само кориците на книгите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава