Меѓу најпопуларните и најбарани апликации во светот моментално се наоѓа и една бесплатна 2Д игра наречена „Дарт 69“. Се работи за симулација на пикадо, која изгледа како многу едноставна игра, но крие две правила поради кои може да се стави во категоријата на најзаразни игри.
Имено, целта на играта е да погодите одреден број стрелки во целта, што изгледа како многу лесна задача, меѓутоа постојат и услови, односно правила кои не смеат да се прекршат.
Првото правило е дека сите стрелки мора да завршат во целта, односно не смеете да не погодите, а другото правило е дека стрелките кои се наоѓат на целта не смеат меѓусебно да се допрат.
Засега, играта има 30-на нивоа кои се организирани како календар - започнувате од 1 јануари и првите „седум дена“ само тренирате за потешките нивоа кои следуваат.
На полесните нивоа целите се постатични, додека подоцна тие се поместуваат за да започнат и да се вртат, ротираат, исчезнуваат и кријат, поради што се потешки за погодување.
Играта преземете ја
ОВДЕ.