Од изминатата деценија, може да се каже дека не се сменило многу во поглед на врската меѓу студентите и финансиите. Поточно, студентите денес не знаат многу за личните финансии, слично како и студентите порано.
Истражување спроведено во САД покажува дека 43% од студентите не можат да ја воочат разликата меѓу дебитна картичка и кредитна картичка. Ова се истите студенти кои ќе продолжат да раководат со светот во иднина.
Друго истражување спроведено од „LendEdu“ покажува дека 58% од студентите не штедат; 30% изјавиле дека родителите не ги научиле како да штедат; 51% не добиле финансиско образование во средно училиште; 43% не го следат сопственото трошење. Изненадени сте?
Постојат некои работи кои може да се направат за да се подобри ситуацијата. Родителите мора да се едуцираат доколку немаат доволно знаење за парите, а потоа тоа знаење треба да го пренесат на своите деца и да им овозможат истото да го практикуваат. Најлесниот начин да ги научите децата како да не ги користат парите е со преправање дека знаете се` кога, впрочем, не знаете. Доколку сте во долгови, признајте си го тоа себеси. Објаснете им да децата дека некои финансиски проблеми може да бидат спречени, а други не и кажете им каде сте згрешиле.
Потоа, направете децата да разберат како ги заработувате тие пари - со напорна работа, штедење, инвестирање. Научете ги децата на овие принципи за да знаат дека и самите треба така да заработуваат наместо да чекаат некој да им подари пари.
Кога може да им зборувате на децата за финансии?
Штом децата се доволно пораснати за да побараат од вас да им купите нешто, доволно се пораснати да ги разберат парите. Тие можеби се` уште не разбираат дека вашите пари не се појавуваат магично во вашиот паричник и дека треба да работите за нив. Кога детето ќе посака нешто, дадете му шанса да заработи и да заштеди за да си го купи тоа.
Повторете се` пред факултет
Овој чекор е важен бидејќи веројатно тоа е последната шанса да им помогнете да ги разберат личните финансии пред да си заминат од дома. Една година пред да започнат со студии, зборувајте им за основите на личните финансии и дадете им можност да живеат на буџет и да научат од своите грешки без да има последици.
Во меѓувреме, може да продолжиме да чекаме
финансиското образование да биде интегрирано во училиштата и да очекуваме студентите и учениците да не дипломираат неспособни за штедење и преживување на буџет. Сите други успеси може да бидат бесполезни доколку тие не ги разбираат личните финансии.