Дали е време технологијата да „вмеша прсти“ во процесот на безбедносната проверка на аеродромите? Експертите сметаат дека безбедноста на аеродромите може да биде подобрена со подобрување на технологијата која се користи за проверка на патниците и багажот.
Иновативни ленти
Аеродромот во Атланта, САД изминатиот месец добил нови ленти со кои побргу се проверуваат багажот на патниците и самите патници. „Делта“ потрошила над 1 милион долари за овие две ленти. Новите ленти имаат автоматски систем за корпи со 5 точки за патниците да ги извадат течностите, да ги отстранат ремените или чевлите и да се подготват за проверката. Така, доколку еден патник е подготвен за проверка пред личноста напред тој/таа не треба да чека. Лентите се користат една недела и веќе се забележуваат подобрувања во бројот на поминати патници за 30% од порано.
Технологија за 3-Д скенирање
Технологијата која се наоѓа во болниците би можела да се користи и во аеродромите. Машините ЦОБРА даваат тродимензионални слики од торбите со кои автоматски се гледа секоја можна закана или нелегална супстанца во багажот. Со оваа технологија, не мора да се отстрануваат лаптопите или течностите од торбите пред да се помине низ скенерите. Исто така, скенерите не бараат работник да ги гледа сите торби кои поминуваат бидејќи известува секогаш кога е најдена потенцијална нелегална супстанца. Ваквите скенери веќе се користат во два аеродроми во Европа и некои аеродроми во САД. Секоја од машините чини 300.000 долари и трае околу осум години.
Брзо скенирање
Еден тим од инженери моментално работат на технологија која може да ги скенира патниците доволно бргу што тие не мора да успоруваат за да бидат проверени. Инженерите работат на сензори кои може да скенираат повеќе патници истовремено и да откриваат потенцијални закани. Тимот се надева дека ќе добие прототип од скенерите до 2020.