Постојат бројни тврдења и теории на заговори според кои книгата „Моби Дик“ на Хермин Мелвил предвидела смрт на некои историски личности, како принцезата Дијана, Мартин Лутер Кинг и Џ.Ф.Кенеди. Меѓутоа, математичката теорија на Френк П. Ремси може да потврди дека овие и бројни други теории на заговори постојат само во нашата глава и се резултат на еволуциската потреба за наоѓање значење онаму каде што воопшто не постои.
Во текстот на „Моби Дик“ теоретичарите на заговори забележале одредени делови кои се повторуваат, а наводно со тоа се предвиделе убиството на Мартин Лутер Кинг и принцезата Дијана.
Дали Херман Мелвил бил претскажувач?
Со оглед на тоа што книгата била напишана во 1851 година, а Кинг умрел во 1968, додека Дијана во 1997, се поставува токму ова прашање.
Одговорот е не. Тоа го знаеме благодарејќи на математичкиот принцип наречен теорија на Ремси. Токму оваа теорија е причина поради која ни се чини дека одредени ѕвезди формираат облици или поради која веруваме во теории на заговори.
Што, всушност, вели оваа теорија? Франк Плумптон Ремси во 1930 со своето дело „On a problem in formal logic“ поттикнал развој на тогаш новите гранки на дискретната математика. Неговата теорија се занимава со прашања од типот „Колку елементи мора да има некоја структура за да има одредено својство?“
Во видео од ТЕД се објаснува дека доколку некоја структура има поголем број елементи, меѓу тие елементи сигурно ќе се појави шаблон. Како пример се наведува обичната забава. Ако на забава се појават шестмина луѓе, со сигурност може да се тврди дека тројца од нив меѓусебно се познаваат или дека тројца од нив никогаш не се сретнале.
Тоа е илустрирано на сликата. Секоја точка претставува личност, а линијата меѓу нив покажува дека се познаваат. Секој пар има само две можности: се познаваат или не се познаваат. Постои голем број можности на спојување личности кои се знаат или не, но секој од нив го има тоа својство. Шест е најмалиот број луѓе на кој може да се примени оваа теорема, а се искажува преку математичката формула R(3,3)=6. Како што расте бројот на луѓе на забавата, поголеми се можностите за спојување на познаниците односно непознаниците, па точниот број на оние кои се знаат е потежок за утврдување.
Се` е во нашата глава Да речеме дека книга како споменатата „Моби Дик“ е структура, а елементите се зборовите и буквите. Колкави се шансите дека книгата може да ја предвиди иднината? Ако ги земете предвид буквите, можните поврзани зборови и сите нивни кратенки, можноста за повторување на одредени шаблони е многу висока, се објаснува во видеото.
Самите може да направите експеримент со тоа што ќе одберете текст, ќе ги распоредите буквите и ќе видите што ќе пронајдете.
Исто е и со ѕвездите во вселената. Поради големиот број елементи, некои од нив ќе имаат специфичен распоред, па ќе ни се чини дека формираат облик, а тоа е само затоа што сме еволуирале на начин да гледаме шаблони и облици во нераспоредени елементи. Поради тоа, се обидуваме да пронајдеме значење онаму каде што нема. Така, значењето кое мислиме дека сме го пронашле обично постои само во нашата глава.