Луѓето што веруваат дека Земјата е рамна се обидуваат преку спроведување експерименти да ги убедат луѓето во своите верувања. Но, еден таков експеримент се покажал како контраефект.
Боб Кнодел, кој е приврзаник за идејата дека Земјата е рамна, бил дел од снимањето на документарниот филм на „Нетфликс“ кој бил соодветно наречен „Зад кривата“, а бил објавен во 2018 година. Кнодел, инаку јутјубер, ја поддржува теоријата на заговор за рамна Земја.
Синопсисот на документарниот филм гласи: „Интернетот ја оживеа теоријата на заговор дека Земјата е рамна, а движењето Рамна Земја се чини дека во Америка расте и покрај стотиците години научни докази кои ја побиваат идејата“.
Во филмот се појавуваат истакнати поддржувачи на теоријата, како Марк Сарџент и Патриша Стир, како и астрофизичари и други експерти. Кнодел решил да го искористи времето на екранот за да се обиде да докаже дека е во право, па затоа на крајот направил екстравагантен експеримент за да потврди дека Земјата е рамна. Во овој експеримент биле инвестирани 20 илјади долари.
Но, Кнодел на крајот го покажал токму спротивното. Настојувајќи да го побие богатството од истражувања предводени од експерти од НАСА, Боб се обидел да ја објасни теоријата користејќи ласерски жироскоп. Во експериментот била употребена и камера за снимање низ две дупки, со човек кој стои на другата страна и свети со светилка кон камерата.
Кнодел тврдел дека ако светлината може да се види со камерата, а ако дупките во оградата и светилката се на иста разлика над земјата, тогаш тој може со сигурност да извлече заклучок дека Земјата е рамна. Сепак, не се видела светлината и Боб само тивко промрморел „интересно“ додека камерите го снимале.
На својот канал на „Јутјуб“, Кнодел зборувал малку повеќе за експериментот и за тоа што значел за оние што веруваат во теоријата.
- Она што го откривме кога го вклучивме жироскопот е дека сме забележиле наноси. Поместување од 15 степени на час. Очигледно тоа нѐ изненади. Не бевме подготвени да го прифатиме тоа и затоа почнавме да бараме
начини да негираме дека всушност го регистриравме движењето на Земјата - објаснил тој.
Корисниците на социјалните мрежи не можеле да поверуваат колку пари потрошил за својот скап експеримент.
Извор: Unilad
Фото: Freepik