X
 16.10.2020 Живот

5-минутна игра ќе ве научи како да препознавате теории на заговор

Членови на лабораторијата за донесување социјални одлуки на „Кембриџ“ се надеваат дека ќе им го променат мислењето на сите што веруваат во теории на заговор преку покажување како се создаваат и шират теории на заговор. Затоа, лабораторијата создала игра наречена „Гоу вајрл“ (Go viral), во која корисниците учат како се шират теориите на заговор на интернет.

Целта на играта е да им се помогне на корисниците да го разберат создавањето и ширењето на теориите на заговор. Играта е слична на проектот „Бед њуз“ (Bad news), кој бил создаден во 2018 г. Во рамките на проектот била создадена игра со која играчите учеле како да создадат мрежа од лажни вести. До денес играта била играна еден милион пати. Истражувачите откриле дека играњето на играта им помогнало на корисниците да препознаваат лажни вести.

За новата игра за теории на заговор, лабораторијата соработувала со холандската медиумска агенција „Дрог“ за да создаде верзија за ерата на Ковид-19. Играта се игра само 5 минути, а во неа корисниците се дел од процесот на создавање и ширење теории на заговор. Играта може да ја најдете овде.

Автор: Рут Рејдер
Извор: fastcompany.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот