Терминот Wi-fi нема големо значење. Не е ниту акроним.
Логото било измислено од „Interbrand“. Компанијата барала впечатливо име за брендот и наишле на терминот „wireless fidelity“, што би се превело како Безжична веродостојност.
Овој термин потсеќа на стариот израз за класификација на аудио опрема, Hi-fi (High fidelity). На почетокот, компанијата се согласила на користење на терминот Стандард за Безжична Веродостојност во своите маркетиншки акции, но потоа тој започнал да ги збунува луѓето.
Подоцна, wi-fi станал поуспешен термин и бизнисмените и менаџерите од поголемите компании започнале да и` пристапуваат на компанијата за таа да започне да го користи само
краткиот, популарен збор - wi-fi.