X
 06.09.2018 Живот

„Зара“ се сели на интернет

Шпанскиот синџир на продавници „Индитекс“, сопственик на „Зара“, планира до 2020 година да ја пресели продажбата на сите свои брендови на интернет. Ќе бидат вклучени и оние пазари на кои нема ниедна физичка продавница.

Синџирот одлучи да ги развива новите технологии, здружувајќи ги силите со технолошките компании и тестирајќи нови методи за управување на резерви.

Извршниот директор Пабло Исла најави дека системот на нарачување облека преку интернет и покривање на нарачките од физички продавници ќе се прошири во сите 96 земји во кои „Индитекс“ има физички продавници.

Брендовите на „Индитекс“ ги вклучуваат „Пул&Бер“, „Масимо Дути“, „Бершка“, „Страдивариус“, „Ојшо“ и „Утеркју“ и продажба низ мрежа од 7.500 физички продавници.

- Сакаме модните колекции да им бидат достапни на сите наши корисници низ светот. Дури и на пазари на кои моментално не постојат нашите продавници - изјави Пабло.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот