X
 29.09.2023 Живот

Што е „деинфлуенсерство“, новиот тренд на социјалните мрежи?

Се наоѓаме во свет во кој владеат социјалните мрежи и често, свесно или потсвесно, тие го формираат нашето мислење за различни производи.

Инфлуенсерите, како што кажува нивното име, го шират своето влијание врз јавноста преку нивните профили, а повеќето корисници повеќе им веруваат на нивните критики отколку на самиот бренд. Меѓутоа, многу инфлуенсери ќе го кажат најдоброто за производот за кој се платени да го користат, без разлика што инаку никогаш не би обрнале внимание на она што го „продаваат“.

Ова нè доведува до трендот наречен „деинфлуенсерство“. Идејата за овој поим е познатите инфлуенсери да ни ја кажуваат само вистината на нивните профили и да го даваат своето искрено мислење за производите.

Овој збор веќе кружи низ социјалните мрежи, а некои корисници се нарекуваат „деинфлуенсери“. Овие познати корисници даваат навистина корисни информации во кои искрено кажуваат кои производи се со лош квалитет.

Во продолжение се неколку примери.

@mei_yap

Deinfluencing is pretty much just anti-consumerism for Millennials & Gen Z 🤷🏻‍♀️ Is anyone else bugged by some of these things? 🙃

♬ original sound - Mei🤍ProfessionalPerfectionist


@christina.mychas Things i stopped buying when I decided to change my life - I used to be a shopaholic impulse buyer to my core. When I stopped buying these things, changed my money habits, and increased my income - I changed my financial future and my life. Who knew? #deinfluencing #shopaholic #impulsebuyer #buyersremorsemuch ♬ original sound - Christina


@cloudsjoo Replying to @raaaccchhelll it’s time to de-influence! #deinfluencing #productsiregretbuying #thingsiregretbuying #deinfluencingproducts #deinfluencergang ♬ original sound - Music table


Извор: Lola magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот