Учењето не мора да биде причина за елиминација на уживањето во овие убави денови, зарем не? Зошто треба да започнете со учење надвор?
Го намалува стресот
Испитните рокови се повеќе од стресни, па затоа е потребно да се опуштите колку што можете повеќе. Малку стрес не штети никому, но за време на испитите, што помалку - тоа подобро. Излезете надвор и учење во двор или во градината. Доколку немате двор или градина, одете во парк или во друга природа. Таму нема толку да ви пречат и ќе учите порелаксирани.
Ја подобрува концентрацијата
Освен тоа што го намалува стресот, престојот во природа позитивно влијае и на вашата концентрација. Тоа го докажува и едно истражување на Универзитетот во Мичиген, кога две групи на студенти имале задача да решат тест за помнење.
По првиот тест, студентите поделени во две групи имале задача да поминат време во природа и во град, соодветно. Групата која шетала во природа пред вториот тест покажала 20% подобри резултати во однос на првиот тест, додека групата која шетала во град не покажала напредок.
Позитивно делува на здравјето
Секако, првата предност на учењето надвор е тоа што ќе бидете на свеж воздух и што ќе дишите повеќе кислород. Тоа ќе влијае на вашето општо здравје, но и ќе ви даде повеќе енергија и ќе ви го подобри имунитетот. Освен тоа, еден од начините на обезбедување витамин Д е престојот на отворено. Изложеноста на сонце од 10-15 минути е доволно.