Во случај да пропуштивте...
Музеи за сите, без физички препреки! Ирена Ружин го доближува материјалното и духовното богатство до лицата со посебни потреби - Предизвик за секој современ музеј е да се почитуваат човекови права, да се отстранат физичките препреки, (проблем кај голем број музеи сместени во згради кои се споменици на култура), но и да овозможи мултисензорно искуство. Тоа е грижа за публиката.
Бојан-Ковски за сликањето на голо тело, табу-тема или техника која прераснува во тренд - Древната техника бодипејнт или сликање на кожа во последно време се враќа меѓу уметниците. Голем е предизвикот за еден артист од сликање на платно да почне да слика на човечко тело, на гола кожа.
Кога бев студент со проф. д-р Сашко Јовев: На младите би им порачал да сонуваат зашто соништата се остварливи, да учат однесување, култура и еснаф од постарите - Проф. Јовев е еден од водечките кардиохирурзи во земјава - оствари видни постигнувања во областа на кардиохирургијата и го водеше тимот што ги изврши двете трансплантации на срце во земјава. Тоа, како што вели, е круна на неговиот личен професионален ангажман, но и круна на македонското здравство.
Како се учи во билингвална паралелка, раскажува Дарија Mаневска од „Корчагин“ - Билингвалната настава претставува настава на два јазика: настава на мајчин јазик и настава на друг јазик кој може да биде друг јазик во земјата или некој од европските јазици.
Да ѝ погледнеме на депресијата в очи, вели психијатарот Милијана Кацарска - Можете да чувствувате душевен мамурлак, душевна потиштеност. Може да кажете: „Ми се гади од сè и сешто, сè гледам црно“ или да помислите животот е никаков, безвреден. Може да ви се крши срцето, да се чувствувате обесхрабрени, неутешни, безволни. Може да се чувствувате заситени од животот, да чувствувате јад, тага, болка, песимизам и плачливост.