X
 07.06.2016 Економија

Данска - земјата каде што негативните каматни стапки се нормални

Во Копенхаген, велосипедите имаат приоритет пред автомобилите, па дури и пешаците. Иако минималната плата е под 20 долари за час и земјата ги има едни од највисоките даноци, невработеноста е речиси најниска во Европа. Родителите безгрижно ги оставаат новороденчињата во количките на тротоарот додека влегуваат да купат кафе.


Очигледно, обичните правила не важат во Данска. Не изненадува тоа што од 2012, Данска е место каде што може да бидете платени за да позајмите пари и да ви биде наплатено за да ги чувате. Земјата е среде експеримент со негативни каматни стапки, алатка која некогаш се гледала како невозможна од страна на економистите.

Компаниите, иако не индивидуалци, им плаќаат на позајмувачите за привилегијата да чуваат фондови во депозит, а во некои случаи, сопствениците на домови заработуваат од долговите.

Кога имате тековна сметка во банка со нулта каматна стапка, како што е најчесто случајот во развиените економии, реалната заработувачка е негативна бидејќи каматата е номинално нула, а инфлацијата ја намалува вредноста на депозитот и по години, истите пари ќе може да ги купите помалку од денес.

Зошто инвеститорите го прифатиле ова на привремен период? Тие сакаат изложеност на валутата за чија вредност се очекува да расте номинално.

Повеќето експерти не очекуваат централната банка во Данска да остане во плус најрано до 2018. Но, негативните каматни стапки може да функционираат, но само за некои цели и можеби само доколку се наоѓате во Данска.

- Тоа не е катастрофа како што некои луѓе ми помислиле. Но си играте со оган - вели Ерик Нилсен, економист од Данска.

За да се разбере како Данска станала земјата „под нулата“, потребни се некои информации. Единствената граница е со Германија, најголемиот трговски партнер на земјата. Сепак, Данците не биле многу пристрасни кон Европската унија и во 2000 го одбиле еврото. Данската валута е кроната. За време на европската криза во 2012, инвеститорите кои барале безбеден рај ги чувале парите во Данска, заканувајќи и` се на кроната. Депозитната стапка веќе била на 0,05%, со што не останувало ништо друго освен да се оди надолу.


Данска започнала со експериментот со негативни каматни стапки за да ги „избркаат“ берзијанците. Експериментот засега се покажал како успешен. Заработката на банките е еднаква на оние во другите европски држави.

Сепак, некои Данци се наоѓаат пред предизвици во бизнисот. Така, во Данска е легално да се оданочува плаќањето на негативната каматна стапка на жителите кои земале заем како заработка. Компаниите не чуваат готовина во банка, а многумина се вртат кон недвижнините. Копенхаген е среде градежна експлозија. Негативните каматни стапки дефинитивно ја зголемиле цената на поседување имот. Цените на становите се зголемиле за 43% од 2010 до 2015.

Но, Карстен Белтофт од Данската банкарска федерација за заеми прашува што ќе се случи доколку негативните каматни стапки се применат за постојано наместо као привремен експеримент, со што би се смениле основните принципи за долг и штедење.

- Колку подолго одите напред и колку подолго останете така, на толку повеќе проблеми може да наидете - вели тој.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија