Данска е првата земја во светот што ќе го паузира масовното вакцинирање против ковид-19. Здравствените власти изјавиле дека пандемијата е под контрола, па затоа државата од 15 мај ќе престане масовно да ги вакцинира граѓаните. Многу луѓе веќе се вакцинирале, а бројот на новите случаи паѓа, додека бројот на хоспитализациите е стабилен.
Данска ги укина сите мерки поврзани со ковид-19 во февруари. Државата ќе продолжи да им препорачува на граѓаните од ранливите групи да се вакцинираат, а ново масовно вакцинирање се планира наесен.
- Планираме повторно да ја отвориме програмата за вакцинирање наесен. На ова ќе му претходи професионално проценување за групите и периодот на вакцинирање, како и видот на вакцини - изјавила Болет Соборг, одговорно лице за заразни болести во Министерството за здравство на Данска.
Во државата со околу 5,8 милиони жители досега целосно се вакцинирани околу 81 отсто од жителите. Околу 62 отсто примиле и трета доза.
Извор:
Sky news
Насловна фотографија: Pixabay