Велосипедистите и пешацотие ќе имаат уште еден начин за преминување на патиштата во главниот град на Данска со новиот мост кој беше објавен оваа недела а кој треба да служи како мост за велосипедистите и пешаците.
Мостот претставува најнова серија на нови градски мостови чијашто цел ќе биде да го направи полесно патувањето за десетици илјади жители кои не избираат да патуваат со автомобил.
Новиот мост ќе им овозможи на велосипедистите и пешаците да ја избегнат гужвата во сообраќајот на мостот Лангебро. Мостот е дизајниран од британските инженери „BuroHapold Engineering“ и архитектонските фирми „WilkinsonEyre“ и „Urban Agency“.
Мостот е подарок за градот од филанторпите Realdania. Плановите за мостот заедно со Лангебро најпрво беа објавени во август, кога заменик градоначалникот Мортен кабел изјави дека би бил огромен напредок доколку велосипедистите би имале друга опција за преминување на мостот.
„Денес, кога велосипедистите го преминуваат пристаништето, тие или треба да користат мостот Лангебро кој е само за возила или да се одлучат за велосипедските патеки кај Книпелсбро. Сега велосипедистите ќе добијат уште еден мост“, вели Кабел.
35.000 велосипедисти го преминуваат мостот Лангебро секој ден а очекувањата се дека околу третина од нив ќе се одлучат за новиот мост откако ќе биде завршен во 2018 година.
Копенхаген неодамна беше прогласен за најубавиот град во светот за велосипедисти, победувајќи го неговиот ривал Амстердам во индексот создаден од урбаната консултантска фирма „Copenhagenize“. Фирмата конкретно ги посочи инвестициите во велосипедската инфраструктура како причина за тоа зошто главниот град на Данска се наоѓа на првото место.