Оптичка илузија која ја тестира вашата интелигенција стана вирална на интернет, а корисниците се во обид да ја решат за само 13 секунди.
Сликата е објавена од интернет-корисникот Џош Јарган. На објавата пишува дека само гениј може да го забележи скриениот елен на фотографијата.
На фотографијата се прикажани ловци во шума. Во шумата има скриен елен. Ќе треба внимателно да погледнете ако сакате да го забележите животното.
- Двајца ловци ловеле елен. Претходно се појавил во шумата, а потоа одеднаш исчезнал. Ловците трчале по него, но го изгубиле. Сепак, еленот не е далеку. Значи, посложен дел од оваа оптичка илузија е да се забележи еленот скриен во шумата - пишува Џош Јарган.
Ако не можете да го забележите, погледнете на десната страна на фотографијата.
- Се тврди дека ако успеете да го идентификувате скриениот елен за само 13 секунди, тоа би можело да биде знак за вашата извонредна интелигенција. Истражувањата покажуваат дека колку повеќе го вежбате мозокот со тешки загатки, толку сте попаметни - пишува на веб-страницата.
Фото: Jagranjosh.com