X
 09.06.2016 Култура

Грчкиот археолог Сисманидис е сигурен дека го пронашол гробот на Аристотел

Што зборуваат археолошките факти? Исклучително е тешко да се тврди кој почива во гробница стара околу 2.400 години доколку на самата локација не е пронајден никаков пишан доказ



Грчкиот археолог Константинос Сисманидис веќе десетина дена ја тресе светската научна јавност откако ја објави веста дека го пронашол гробот на Аристотел во неговиот роден град Стагира, блису полуостровот Хаклидики, покрај малото гратче Олимпијада. Многу познати археолози за сите светски медиуми побрзаа да ја демантираат неговата епохална изјава дека е пронајдено местото каде почива еден од најголемите филозофи кои историјата ги познава. Додека сите медиуми пренесоа дека Сисманидис не е сигурен во својата теза, грчкиот археолог сосема сигурен во себе тврди дека во Стагира го откопал гробот на Аристотел.

Што зборуваат археолошките факти? Исклучително е тешко да се тврди кој почива во гробница стара околу 2.400 години доколку на самата локација не е пронајден никаков пишан доказ. Наш извор од Грција вели:

- Сисманидис е многу добар археолог. Сепак, ќе мора да го докаже тоа што го тврди. Сисманидис вели дека има силни научни аргументи за својата теза. Вели дека нема цврсти докази, ни има многу силни индикации. Сепак, останува отворено прашањето за пишан доказ бидејќи не е пронајдена никаква епиграфија на терен.



Историчарите велат дека Аристотел починал во денешна Халкида, на семејниот имотот на неговата мајка, кадешто пребегал по смртта на Александар Велики, чиј учител бил Аристотел. Антимакедонското расположение се вратило во Атина по смртта на Александар Велики. Во 332 година пред новата ера Аристотел бил осуден бидејжи не ги чествувал боговите. За да не го снајде судбината на Сократ (кого го убиле Атињаните) Аристотел избегал во Халкида каде починал од природна смрт.

Постои и теза дека иако му бил учител, Аристотел не го сакал Александар Велики.

Кога Александар почнал да убива неколку блиски луѓе (меѓу кои бил и внукот на филозофот) Аристотел го напиштил за да си го спаси животот. Некои историчари дури сметаат дека Аристотел лично го приготвувал отровот кој требало да му стави крај на големиот војсководец.



Сисманидис вели дека по смртта неговите останки биле ставени во бакарна урна, пренесени во Стагира и ставени во гробница пред една јавна градба која имала облик на облик на потковица, бидејќи граѓаните на Стагира ја употребувале како еден вид собрание. Според Сисиманидис, 1.500 години подоцна, Византијците врз гробот на Аристотел изградиле четириаголна кула и уништиле се што има внатре, а камењата од гробот ги употребиле во други градби.

Околу гробот Сисманидис пронашол 50 монети, сите од времето по Александар Велики. Тој ја истражува Стагира дваесетина години. Тој вели дека градот во минатото бил сместен на два рида, а среде нив имало агора (пазар) и древна голема стоа (плоштад). Околу неа имало простории што биле јавни складишта и продавници.

Ѕидините на градот биле впечатливи и достигнувале до 5 метри височина. Имало систем кој го снабдувал градот со вода. Локалитетот датира од 650 година пред Христос. Во 340 година п.н.е. градот го уништил Филип Втори, таткото на Александар Велики. Бидејќи Аристотел бил учител на Александар, го замолил Филип Втори повторно да го изгради градот Стагира, вели Сисманидис.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура