X
 24.12.2015 Култура

Откриена нова гробница од времето на античка Македонија

Нова гробница од времето на античка Македонија од 3-от век п.н.е е откриена во северниот грчки дел на Пела, Грција, објавува грчкото Министерство за култура.

 

гробница


Гробницата била пронајдена во текот на работењето на канализациска мрежа во општината Пела, која се наоѓа во грчка Македонија, на 40 километри од Солун. Пела бил главен град на античка Македонија од 5-от до 4-от век п.н.е.

Интересен елемент на оваа гробница е нејзината архитектура, бидејќи покрај фоајето и главната просторија на гробницата, постојат и две дополнителни соседни простории. Во централниот дел на гробницата, кадешто ѕидовите се високи 2.5 метри, кровот бил уништен, додека сводовите во соседните соби се во совршена состојба.

Како и повеќето гробници во античка Македонија, откриената гробница е ограбена. Но, неколку антички предмети од керамика или мермер кои можат да се пронајдат во фоајето сведочат дека гробницата датира од почетокот на 3-от век п.н.е. На 50 километри јужно од Пела се наоѓа Вергина, кадешто во 1977 година биле откриени гробниците на македонските кралеви, вклучувајќи го и Филип Втори, таткото на Александар Македонски.

Во оваа област постојано се вршат ископувања, такашто се смета за центарот на македонското кралство од античките времиња.

Пред две години  откриената гробница во Амфиполис, во близина на Солун, предизвикала шпекулации дека била посветена на близок роднина на Александар Македонски. Според последните претпоставки, гробницата била посветена на Хефестион, еден од генералите и најблискиот пријател на Александар Македонски.

Но, потоа било откриено дека всушност не му припаѓа нему.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура