X
 21.07.2017 Наука

Учењата на Аристотел основа за компјутерската наука?

Во популарните концепти, компјутерот го сметаме за природен резултат на емпириската наука и наследство на научните револуции од 19 и 20 век. Модерните компјутери имаат свои предци, како „Антикитера Механизам“ – машина стара 2.200 години, способна за предвидување на позициите на планетите, еклипсите и фазите на Месечината.


Дури и овој фасцинантен артефакт се вклопува во наративот за компјутерската наука како „историја на предмети“. Ретко се споменуваат имињата на филозофите – математичари кои биле инспирирани од сонот на Лајбниц за универзален „концепт јазик“ и античкиот логичен систем на Аристотел. Аристотел ја поставил основата за математичката логика, поле кое има многу големо влијание на модерниот свет.

Формалната логика на Аристотел уште може да се смета за апстрактен предмет без вредна примена. Но, експертите пронаоѓаат траги од „еволуцијата на компјутерската наука преку математичка логика. Експерите ги замениле математичките операции со варијабли и логичките зборови „се (сешто)“ и „се (глагол)“ со аритметички операции. Тој систем би можел да биде трансформиран директно во електрични кола. Пристапот им дозволил на компјутерските научници да вклучат работа која траела со декади во логика и математика. Првата таква дистинкција на компјутерскиот научник Џорџ Бул станала фундаментална за компјутерската наука.

Никаде не се споменува Аристотел во врска со оваа тема, но неговите модели на размислување се забележуваат во сето она од кое е изградена модерната компјутерска наука. Неговите обиди за разбирање на законите на човековиот мозок, помогнале во креирањето на машини кои можат да донесуваат одлуки врз основа на правилата на дедуктивна логика.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука