X
 09.06.2016 Живот

Научниците предлагаат како да создадете совршен работен простор

Што би можело да ве направи посреќни на работното место? Милозвучна мелодија? Вашето домашно милениче? Слики од цвеќиња на ѕидот?

 

kancelarija


Секој има свое мислење за тоа како да ја направи канцеларијата повеќе поднослива. Всушност, се чини дека секоја недела излегуваат нови научни истражувања кои покажуваат најнов, најдобар начин за создавање на погоден работен простор за подобра продуктивност.

Канцеларијата е извор на голем број проблеми: депресија, анксиозност, хипертензија, болки во грбот, нарушувања во спиењето и слично. Експертите претходно веруваа дека сите овие работи можат да се припишат на лошата пракса на управување и високото ниво на стрес, но во последниве години, научниците го насочија своето внимание кон животната средина. Тие истражуваа се' подробно од канцелариски дизајн до осветлување, звук и сите материјални елементи на канцеларијата.

Доколку одлучите да им верувате на истражувањата, спроведувањето на мали промени во канцеларијата може да ве направи повеќе продуктивни, помалку да сте изложени под стрес, повеќе енергични и повеќе внимателни.

Едноставно следете ги овие чекори:

Прво, изложете се на зеленило и природа, дури и ако сте внатре. Истражувањата покажуваат дека природата може да го подобри вашиот став. Дозволете во канцеларијата да навлезе во вашата канцеларија. Доколку немате прозорци, тогаш добро би било да ставите фотографии од шуми, лагуни и цвеќиња.

Кога сме кај природата, добро би било во позадина да имате некои звуци од џунгла - заборавете на тивките мелодии, тие не функционираат. Токму звуците од природата го забавуваат пулсот, ја релаксираат мускулната тензија и го намалуваат нивото на стрес.

Следен чекор е топлината. Истражувањата покажуваат дека повисоката температура ги прави работниците повеќе продуктивни со што тие ги намалуваат грешките за 44%.

Исто така, истражувањата велат дека не треба да бидете уредни во канцеларијата. Неуредната маса може да поттикне креативно размислување и нови идеи.

И можеби треба да размислите да си го земете со вас вашето домашно милениче. Истражувачите откриваат дека домашните миленичиња во канцеларијата го намалуваат стресот и го подигнуваат задоволството на работа.

Друг совет на истражувачите е да не седите. Всушност, добро би било да ги исфрлите столиците. Веројатно сте слушнале дека таканаречените „маси за стоење“ и придобивките кои тие ги носат - намалување на болката и зголемување на продуктивноста и креативноста.

 

Ако сето ова ви изгледа невозможно и тешко за спроведување, тогаш научниците имаат поефикасен начин за подобрување на задоволството на работа и вашата продуктивност: едноставно работете од дома.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот