X
 23.11.2024 Здравје

Пешачењето во тишина го подобрува менталното здравје: Кога сме исклучени од светот, се фокусираме на сегашноста

Пешачење во тишина, без слушалки во ушите, без музика или телефонски повик да „ни прави друштво“, и во природа, е одличен начин човекот да се фокусира на сегашноста додека се движи и на тој начин да вежба свесност. Дури и ако пешачењето во тишина на почетокот ви изгледа малку досадно, експертите препорачуваат да го пробате бидејќи го зајакнува менталното здравје.

Пешачење во тишина или „тивко пешачење“ се смета за опција за подобрување на менталното здравје. Ваквата физичка активност овозможува сите наши сетила да бидат на готовс - можеме да мирисаме, слушаме, гледаме сè... Тоа ќе биде вашиот личен простор за размислување и креативност, време кога можете да добиете нови идеи, да го исчистите умот…

- Идејата за пешачење во тишина, во природа, многу потсетува на медитацијата. Идејата за тивко одење е луѓето да се обидат да останат во сегашниот момент - објаснува д-р Раел Кан, професор на Катедрата за психијатрија и бихевиорални науки на Медицинскиот факултет „Кек“ при Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Како пешачењето во тишина му помага на нашиот ум?


Одвојувањето време за себе, време кога ќе бидеме исклучени и никој не може да ни пречи, може да биде од помош за мозокот, нагласуваат психолозите. Д-р Чан објаснува дека тивкото одење функционира така што го извлекува мозокот од неговата „стандардна мрежа на режими“. Овој термин се однесува на способноста на мозокот да ја замисли иднината, да размислува за минатите искуства или да сонува. Во спротивно, мрежата на стандардниот режим не им дозволува на луѓето да бидат целосно свесни за сегашниот момент или нивната моментална околина.

- Сепак, токму тој фокус на сегашноста за време на медитација или прошетка  помага да се спречи мозокот  да брбори сам со себе. Оваа практика вообичаено се нарекува внимателност - вели д-р Чан, додавајќи дека истражувањата покажале оти пешачењето во природа може да ги олесни симптомите на анксиозност и депресија. Одвојувањето време за фокусирање на сегашниот момент може да го намали крвниот притисок или да го подобри сонот, истакнува д-р Чан.

Д-р Сузан Еванс, професорка по психологија, потсетува дека дури и кога пешачиме сами, во тишина, без музика, тоа не мора да значи дека нашиот мозок е фокусиран на сегашниот момент. Дури и така „изолиран од светот“, човек може да биде одвлечен од некаква грижа, планирање, организирање... Целосното доживување на сегашниот момент, како што вели д-р Еванс, не е секогаш едноставно.

- Со одење, т.е. ангажирање на телото, настанува природна комбинација на сите сетила, дури и ако не сме научиле ништо за медитација или свесност. Луѓето потоа ги забележуваат ветерот, сонцето на лицето или други природни сензации. А таа уметност на набљудување би можела да поттикне инспирација, среќа, креативност... - нагласува д-р Еванс.

Извор: eklinika.telegraf.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје