X
 29.10.2019 Живот

Кукла покажува што ќе им направат канцелариите на нашите тела

Ема не изгледа многу добро. Нејзините нозе се отечени и имаат варикозни вени. Нејзините очи се бледи и безживотни, а грбот ѝ изгледа како денот да го минува ѕвонејќи во Богородичната црква во Париз.

Ова е сурово, но вистинито. Ема е кукла со реална големина која го отсликува она што тимот кој ја направил мисли дека ќе биде изгледот на просечен канцелариски работник во Велика Британија за 20 години ако не се направат промени во работната средина.

За изготвувањето на новиот извештај под наслов „Колегата од иднината“ тим од здравствени експерти предводен од футуристот Вилијам Хајам разгледувал податоци од испитување, поднесени од повеќе од 3.000 канцелариски работници од Франција, Германија и од Велика Британија.

Процентите на британски канцелариски работници што рекле дека веќе страдаат од проблеми со очите (50 отсто), проблеми со грбот (48%) и главоболки (48%) како директна последица од нивната работна средина послужиле за дизајнирање на болешливата Ема, која пати од егзема, вишок килограми и отечени екстремитети.



Хајам смета дека мора да се направи промена во канцелариската средина за да избегнеме иднина полна со вакви Еми.

- Ако радикално не ги промениме нашите професионални животи, на пример, да се движиме повеќе, да го промениме држењето кога седиме пред компјутер, да правиме редовни паузи за разодување, нашите канцеларии ќе нè направат многу болни - истакнува тој.

Оваа студија не е рецензирана, но е интересен концепт кој се осврнува на тоа што точно канцелариите би можеле да им направат на нашите тела.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот