X
 19.06.2016 Образование

Образованието во Венецуела - Без храна, наставници и безбедност

Во едно училиште во Венецуела може да се случи да се откаже час бидејќи наставникот е болен, некои предмети да бидат суспендирани, некои предмети да не се одржуваат бидејќи наставникот бил убиен пред неколку недели и да се нема часови или да се има само еден или два.


Учениците го ризикуваат животот за да дојдат на училиште само за да чекаат со часови и да не прават ништо. Овој криминален и економски хаос кој е присутен во Венецуела го погодува образованието и им ја краде шансата за добар живот на децата.

Официјално, во цела Венецуела не се одржале 16 училишни денови од декември, вклучувајќи ги и часовите во петоците поради енергетската криза. Впрочем, децата во Венецуела пропуштаат просечно 40% од часовите според проценките на родителите. Третина од наставниците не одат на работа во некои денови за да чекаат во редици за храна. Во некои училишта, им било кажано на родителите да не ги испраќаат децата на училиште доколку немаат храна дома бидејќи имало случаи на губење свест поради глад.

И покрај сето ова, во училиштата има крадци и криминалци, кои се меѓу децата.

„Оваа земја ги напуштила своите деца. Додека ги видиме сите последици, ќе нема време да се вратиме назад“, изјавува Аделба Тафин од Движењето на организирани родители.

Венецуела е млада нација, со над една третина од населението под 15 години. Поранешниот претседател Хуго Чавез го направи образованието центар на неговата социјалистичка револуција. Тој доделувал бесплатни компјутери, нудел тренинзи за наставниците и реновирал училишта.

Но, сето ова било уништено само во неколку години. Падот на цената на нафтата заедно со грешки во економијата последните години предизвикува хаос во земјата. Се' повеќе ученици се откажуваат од училиште, а над една четвртина од тинејџерите воопшто не се запишуваат. Нема доволно наставници во училиштата бидејќи професионалците си заминуваат од земјата. Дури 40% од наставниците не одат на работа одредени денови за да чекаат во редици за храна.

Училиштата повеќе не се безбедни. Таму има криминалци и крадци, а тоалетите повеќе не се користат за својата намена бидејќи во нив нема вода. Венецуела има и најголем број случаи на бременост помеѓу тинејџерите во Јужна Америка.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование