X
 14.10.2017 Образование

Математичко трик прашање што никој не може да го одговори

трик

Трик прашање за 9-та симфонија на Бетовен стана доста популарно на интернет, откако го постира еден корисник на „Твитер“.

„На оркестар составен од 120 свирачи му се потребни 40 минути да ја отсвири 9-та симфонија на Бетовен. Колку време ќе им биде потребно на 60 свирачи да ја отсвират оваа симфонија?“, е прашањето, а во постот „Твитер“ корисникот пишува: „Ова не функционира вака“.

Постот беше проследен со илјадници коментари, а повеќето од нив велеа дека прашањето нема смисла бидејќи бројот на свирачи во оркестарот не би направил разлика во должината на класичната симфонија.

„Тоа е слично како да речиш: Потребни се 9 месеци за жената да има бебе; колку време би било потребно за 2 жени да имаат бебе?“, пишува во еден коментар на корисникот.

„Постојат две опции - да станува збор за логично прашање или пак прашањето го напишал имбецил“, пишува друг „Твитер“ корисник.

И фановите на класичната музика биле збунети бидејќи композицијата на Бетовен трае околу 70 минути.

Се јави и професорката што ја напишала задачата.

Клер Лонгмур, која предава во Нотингем, ја напишала задачата како дел од тест поврзан со врските помеѓу директната и обратната пропорција, пред скоро 10 години.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование