X
 11.08.2015 Образование

Државните универзитети ги отвораат вратите за 25.000 студенти

Околу 24.952 места нудат петте државни универзитети во нашата земја за академската 2015/2016 година. Првиот уписен рок започнува оваа недела.

 

ukim


Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје нуди 10.669 места - 6.330 за редовните студенти во државна квота, 3.164 за редовни студенти со кофинансирање и 1.175 за вонредни студенти. Цената во државна квота е 200 евра, а со кофинансирање и вонредни студии е 400 евра.

Првиот рок на скопскиот универзитет е на 13 и 14 август, а резултатите се на 18 август, додека на 24 и 25 е запишувањето на кандидатите. Вториот уписен рок е на 3 септември, а третиот на 16 септември доколку на факултетите се`уште има слободни места.

Битолскиот универзитет „Св.Климент Охридски“ нуди 3.803 места - 2.090 за редовните во државна квота, 965 за редовните со кофинансирање и 748 за вонредните студенти. првиот уписен рок започнува утре и ќе трае до 13 и 14 август. Вториот рок е на 2 и 3 септември, а третиот на 14 септември.

На универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип има слободни 5.390 места - 3.172 за редовни студенти во државна квота, 1.208 за редовни студенти со кофинансирање и 1.010 за вонредни студенти. Првиот уписен рок е на 12, 13 и 14 август, вториот е на 24 и 25 август, а третиот на 4 септември.

На тетовскиот државен универзитет слободни се 4.650 места - 2.245 за редовни студенти во државна квота, 2.045 за редовни со кофинансирање и 360 места за вонредни студенти. Првиот уписен рок започнува на 18 август, а завршува на 21 август, а вториот трае од 1 до 4 септември.

Неодамна е објавен и Конкурсот за жени над 30 и мажи над 35 години кои немаат високо образование или сакаат да го продолжат. На тетовскиот универзитет има 315 слободни места, на битолскиот 45, на штипскиот 80 и на скопскиот 230. 

 

Во неодамнешната анкета која ја спроведивме на 446 студенти, 92% од нив изјавија дека ќе се запишат на факултет, а 4% на висока школа.  

47% од испитаните студенти изјавија дека нема да студираат во родниот град поради ограниченоста на факултетите кои ги нуди универзитетот, 33% се одлучиле да студираат во нивниот град, додека 8% одлучиле образованието да го продолжат надвор од државата затоа што не им се допаѓаат условите на студентите и затоа што факултетите се ниско рангирани.

Повеќе од половина испитаници изјавиле дека студирањето ќе го финансираат со помош на родителите. Дури 60% од идните студенти ќе го финансираат факултетот преку родителите, 25% од нив планираат да аплицираат за стипендија, 11% би сакале да работат хонорарно, а 4% од нив ќе се финансираат преку кредит од банка. 



РЕТРОСПЕКТИВА ОД МИНАТОГОДИШНИТЕ УПИСИ
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование