До 2050 година, просечно две третини од населението во светот ќе живее во градовите. Оваа промена значи дека е важно урбаните центри да започнат да се подготвуваат за иднината со подобрувања на инфраструктурата, технолошка иновација, закони, еколошка заштита и други стратегии.
Извештај од „AT Kearney“, глобална консултантска
фирма, направи ранг-листа од 125 градови врз основа на нивните моментални методи и подготовки за иднината.
За да ги добијат најдобрите градови за иднината, правени се пресметки во четири категории: лична благосостојба, економија, иновација и водење. Ова се градовите на кои треба да обрнете внимание во иднина.