X
 02.04.2016 Образование

Како ќе изгледа училницата на иднината?

Деновите на училниците во кои наставникот седи пред целиот клас, а учениците седат зад клупите се завршени. Новите технологии за учење и педагошките методи кои постојано се менуваат го менуваат начинот на кој се предава, но и физичките услови во училиштата.


Моментално се прават анализи и истражувања за изгледот на совршената училница. Едно е сигурно - моменталните училници не одговараат на учењето од 21-век. Истражување од „Херман Милер“ покажува дека учењето на учениците е подобрено со поголемата удобност на столицата во која се седи, разбирливоста на наставникот и материјалите за следење. Освен тоа, помага и пристапот до интернет, подоброто осветлување, подоброто слушање на учениците и поголемиот простор на за пишување, односно поголема табла.

Според истото истражување, училниците треба да бидат доволно флексибилни за да одговараат на различните стилови на предавање на наставниците. Училниците кои се адаптираат на учењето не се големи училници, туку простори за учење во кој учениците може да се запознаат подобро, да започнат дијалог, да работат независно или во групи на проекти.

Накратко кажано, училниците не треба да бидат повеќе статични, туку лесно адаптабилни за да одговараат на секоја активност и секој педагошки метод кој наставникот ќе го одбере за предавање.


Навистина, учениците кои биле на часови во училници дизајнирани за адаптација биле повклучени во часот за 24% и чувствувале дека подобро комуницирале за 23%.

Од друга страна, наставниците опишале дека за нив било полесно да ги користат новите методи на предавања и олесно да ја користат технологијата во предавањето. Студентите изјавиле и дека се 16% послободни за да поставуваат прашања, 28% поспособни за работа во група, 20% повреднувани.

Наставниците се согласуваат дека се 32% подобри во комуникацијата со учениците и 47% повреднувани.

„The Human Computer Interaction Lab“ во 2006 година спровела истражување за развојот на новите технологии кои може да бидат дел од било кој физички предмет во училиштата, а потоа може да се искористат во учењето.

Еден пример за конструктивна и социјална активност е интернетот. Како што интернетот станувал сè повеќе популарен како начин на комуникација, вниманието било префрлено на социјалната интеракција и нејзиното значење за учењето. Технологијата би пронашла дел во училницата на иднината и на друг начин - преку виртуелни и физики места за учење. Технологијата би можела да стане алатка за ефективно учење и мотивација.

Училницата на иднината би можела и да биде таква без хартија бидејќи компјутерите и другите образовни технологии го овозможуваат отстранувањето на хартијата. Лаптопите и таблетите стануваат поевтини, па наместо наставниците да прават копии од тестови и вежби, тие ќе може да ги прикачат онлајн за студентите да имаат пристап до нив.

Компјутерите ќе ги заменат учебниците, работните тетратки, тешките ранци и тетратките, со што ќе се добие и почиста околина за учење. Во продолжение пронајдете неколку видеа за визијата на експертите за училницата на иднината.









Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование